Интелектуална сопственост

Нашите услуги во:

Интелектуална сопственост

Правото на интелектуална сопственост претставува збир на правни норми кои ги штитат нематеријалните добра создадени преку човечка креативност – иновации, брендови, дизајни, уметнички дела и технички пронајдоци. Оваа правна област ги опфаќа:

Правото на трговска марка (жиг) – заштита на имиња, логоа и слогани

Патентно право – заштита на нови технички решенија

Право на индустриски дизајн – заштита на визуелниот изглед на производ

Авторско право – заштита на креативни и уметнички дела

Во услови на глобална економија, интелектуалната сопственост е еден од најважните ресурси на поединците и компаниите. Нејзината соодветна правна заштита претставува предуслов за успех, раст и безбедност на пазарот.

Нашата Адвокатска канцеларија Јанчевски е подготвена да ви понуди стручна поддршка во регистрација, заштита и застапување во случаи на повреда на вашите права од интелектуална сопственост, како во земјата така и на меѓународно ниво.

АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ЈАНЧЕВСКИ

Ви ги нудиме следните услуги:

1

Регистрација на трговски марки (жигови) во земјата и странство

2

Регистрација и заштита на патенти пред Државниот завод за индустриска сопственост

3

Регистрација на индустриски дизајни и водење на постапки за обновување

4

Застапување во спорови за повреда на жиг, патент или дизајн

5

Авторско право: заштита на уметнички дела, софтвер и публикации

6

Советување и изработка на лиценцни и дистрибутивни договори

Дали Ви е потребна Правна помош?

Јавете се на: +38978359237

·   Пон – Петок 09:00-17:00

Subscribe To Newsletter

Please install and activate the "Newsletter" plugin to show the form.