Секојдневните бизнис интеракции продуцираат голем број на правни прашања. Исто така, за воспоставување и уредување на еден деловен однос на професионален начин, со цел долготрајност, неопходна е професионална правна подршка. Нашата адвокатска канцеларија секојдневно опслужува клиенти кои успешно го водат својот бизнис и знаат дека правниот совет е есенцијален дел од нивниот успех.
Дополнително на ова, динамиката на работењето бара и константни корпоративни промени на управители, подружници, седиште и останати обележја на едно трговско друштво. Од оваа причина, на адвокатите им се овозможи статус на овластени регистрациони агенти заради спроведување на промените кои е неопходно и задолжително да ги направите за Вашето трговско друштво.
Нашата Адвокатска канцеларија Јанчевски е подготвена во секој момент да одговори на најголемите предизвици, со цел решавање на Вашиот конкретен правен проблем, како овластен регистрационен агент во Централниот регистар ги има спроведено сите видови на промени и таквата услуга ја обезбедува брзо, професионално и по цена адекватна на пазарот на вакви услуги.