Граѓанското право е збир на правни норми со кои се уредуваат имотно-правните односи, односно оние односи коишто се од имотно-правен карактер. Него го сочинуваат три правни гранки Стварно право (ги уредува облиците на власта врз стварите), Облигационо право ( ги уредува оние односи кои настануваат по повод изразената волја за склучување на одредено правно дело- договор) и Наследното право (ги уредува односите кои настануваат по повод смртта на едно лице и преминувањето на правата и односите на неговите наследници).
Нашите граѓани секојдневно се соочуваат со некој правен проблем од ваков тип, дали тоа се работи за утврдување на права при расправа на оставината на нивниот покоен родител, склучување на некој договор, семејни проблеми или остварување на побарувања по основ на надомест на штета и сл.
Нашата Адвокатска канцеларија Јанчевски е подготвена во секој момент да одговори на најголемите предизвици, со цел решавање на Вашиот конкретен правен проблем!